Муцунски: Во дискотека првпат ме внесе канадскиот премиер Џастин Трудо
Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски средното образование го завршил во Канада. Оттаму носи убави спомени, но и трајни пријателства со луѓе кои живеат и работат денес во целиот свет. Утрово во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител тој зборуваше за школувањето во Канада, семејството, обврските како татко и сопруг, за другарството.
- Во класот со мене учеше сестрата на Џастин Трудо, Елиша. Целата генерација во тоа училиште се дружевме, не бевме многу деца, а првпат кој не внесе во дискотека беше токму Трудо. Тој работеше како заменски професор по училишта и како менаџер на кафулиења и клубови во Отава. Ете, така, преку него првпат влеговме во дискотека, се сеќава Муцунски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа