Муцунски се сретна со украинската амбасадорка: Поддршката за Украина ќе продолжи и во иднина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир.
На средбата министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката за Украина која ќе продолжи и во иднина, додавајќи дека како земја-членка на НАТО остануваме посветени за натамошна силна политичка и практична помош за Украина додека земјата продолжува да ја брани својата независност, како и територијалниот суверенитет, извести Министерството.
Во рамки на средбата тој ја информираше амбасадорката Дир за Одлуката на македонската влада, за продолжување на привремената заштита за Украинците кои престојуваат на територијата на нашата држава.
Соговорниците разговараа и за други актуелни билатерални прашања и изразија уверување дека добрата соработка помеѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, соопшти Министерството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа