Муцунски на средба со амбасадорка на Израел: Ќе го зачуваме сеќавањето на Холокаустот на Евреите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со нерезидентната амбасадорка на Државата Израел, Симона Франкел.
Муцунски информираше за приоритетите во работата на новата влада со акцент на реформите за забрзување на евроинтегративните процеси на земјата.
Соговорниците се осврнаа на билатералната соработка и начините за нејзино унапредување и натамошно зајакнување на пријателските врски меѓу двете земји.
Министерот Муцунски потенцираше дека остануваме посветени на зачувување на сеќавањето на Холокаустот на Евреите од земјава и нивното историско и културно наследство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа