Муцунски - Дрекслер: Заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски остварил средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата.
Муцунски, како што соопшти МНР, изразил голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на спроведувањето на реформите.
Соговорниците размениле мислења и во однос на сојузништвото во рамки на НАТО, со посебен акцент на соработката во рамки на претстојниот Самит во Вашингтон. Воедно, било оддадено признание за нашиот досегашен значаен придонес кон колективната безбедност, мир и просперитет на целата трансатлантска област.
-На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период, со заложби за продлабочување на соработката во периодот што следи, се наведува во соопштението од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа