Муцунски: Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија

 

 

Паметни светилки низ целата општина кои треба да го решат проблемот со осветлувањето во Аеродром и да влијаат на заштедата на електрична енергија, електрични тротинети и велосипеди кои ќе ја зголемат мобилноста на граѓаните, а со тоа и кон намалување на загадувањето, дигитални дисплеи преку кои граѓаните ќе се информираат за работата на општината, бесплатни зони за интернет и полначи за електрични автомобили, се само дел од придобивките за граѓаните на Аеродром кои ги предвидува проектот „Смарт Аеродром“, информираат надлежните од оваа општина.

Тоа според нив, ќе влијае и на остварување на останатите приоритети преку подигнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, придонес за почиста и позелена општина и директното влијание кое „Смарт Аеродром“ ќе го има на квалитетот на живеењето во општината.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на прес конференцијата истакна дека откако Советот ќе донесе одлука, Општина Аеродром ќе објави јавен повик за избор на стратешки партнер кој ќе има обврски преку јавно – приватно партнерство да го спроведе проектот. Тој нагласи дека трошоците за имплементација на „Смарт Аеродром“ во целост ќе ги сноси приватната компанија која ќе го имплементира проектот, а Општина Аеродром освен што нема да има финансиски импликации, туку ќе оствари заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на средства.

08.06.2023 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега