Му се промени животот: Австриец пронашол златна плочка во стар кауч, вредна речиси 50.000 евра

 

Австриец нашол златна плочка вредна 48.000 евра во кауч купен на пазар.

Златото било еден килограм и било скриено во каучот. Човекот од Нојкирхен го купил каучот на пазар, потврдил главниот инспектор на полицијата во Нојкирхен, Клаус Деген, за австрискиот весник Nideresterajhishe Nachrichten.

Но, на златната плочка ѝ недостигала една важна работа за да може да се продаде, односно не останал соодветниот сертификат, поради што никој не можел да ја продаде на банката.

Пазарот бил организиран по смртта на една жена, па полицијата му ја вратила златната плочка на нотарот што се грижи за нејзиното наследство.

12.11.2021 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега