Му се посреќи на Диего Коста: Доби работна дозвола, се враќа во Премиерлигата
Искусниот напаѓач Диего Коста е на чекор до враќање во Премиерлигата. Останува само да ги мине медицинските прегледи до потпишување договор со Вулверхемптон.
Искусниот бразилски напаѓач доби работна дозвола за настап во Англија, откако претходно беше на неколкудневна проба.
Коста во Англија се прослави во дресот на Челси за кој настапуваше од 2014 до 2017 година и со „сините“ освои две шампионски титули.
Проблем за искусниот голгетер ќе биде долгото отсуство од теренот. Имено, 33-годишниот фудбалер е без клуб од 7 јануари кога му истече договорот со бразилскиот Атлетико Минеиро.
Диего Коста треба да потпише едногодишен договор со Вулверхемптон, а треба да помогне тимот да ја надмине голгетерската криза поради повредите на Саша Калајџиќ и на Раул Хименез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа