Може да се чуваат до 3 билки: Германија ја легализираше марихуаната - масовно „дување“ на плоштадот во Берлин

Германија денеска стана најголемата земја од Европската унија која ја легализираше рекреативната употреба на канабис, и покрај приговорите од опозициските политичари и медицинските здруженија.

Според првиот чекор од многу дебатираниот нов закон, на возрасните постари од 18 години сега им е дозволено да поседуваат 25 грама сушен канабис и да одгледуваат до три растенија марихуана дома.

Промените ја ставаат Германија меѓу земјите со полиберални закони за канабис во Европа, заедно со Малта и Луксембург, кои ја легализираа рекреативната употреба во 2021 и 2023 година.

Холандија, позната по својот попустлив однос кон дрогата, во последните години презеде построг пристап во борбата против канабис туризмот.

Откако законот стапи на сила на полноќ на 31 март, стотици луѓе се собраа пред берлинската Бранденбуршка порта, а многу од нив запалија џоинт.

Следниот чекор е од 1 јули легално да се добива „трева“ преку „клубовите за канабис“ во земјата.

На ваквите клубови ќе им биде дозволено да имаат до 500 членови, а ќе може да дистрибуираат и до 50 грама канабис по лице месечно.

Дотогаш, „потрошувачите не смеат да ѝ кажат на полицијата каде го купиле канабисот“ во случај на улична проверка, изјави за AFP директорот на Германското здружение за канабис, Георг Вурт.

01.04.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега