Мотоциклист изгубил контрола на патека во Охрид и паднал: Тешко повредена жена:
Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пешачка патека во Охрид, Љ.С.(47) од с.Коњско, охридско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патеката.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишна сопатничка Б.С. од с.Коњско, додека возачот Љ.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
28.07.2025 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа