СДСМ: Повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел, кој во власта ќе одговара

 

Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината. Ова не е статистика.  Ова е национална трагедија и природна катастрофа, велат од СДСМ. 
 
„Директна последица на неспособноста, негрижата и целосното потфрлање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во справувањето со пожарите.
 
Европската статистика е поразителна. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2024 година,  изгореле 95.181 хектари шуми, пасишта и природни ресурси – осум пати повеќе од просекот во последните 17 години! 
 
И оваа година катастрофата продолжува. Бројни пожари во изминатите месеци ја опустошија земјата. 
 
Мицкоски ветуваше дека оваа година државата ќе биде подготвена, дека ќе има организација и координација за справување со пожарите. Ништо од тоа, нема ниту организација, нема систем, нема нова опрема, нема повеќе пожарникари, нема ништо.
 
Повеќе од 20% од македонските шуми и пасишта се претворени во пепел. Тоа се илјадници хектати уништени дрвја, зеленило, природно богатство, и трајна еколошка штета. Генерации треба да живеат со последиците од оваа негрижа.
 
Кој во власта ќе одговара за катастрофата со пожарите во која изгоре 20% до територијата? Кој ќе понесе одговорност за пустошот што остана?“, прашуваат од СДСМ.
31.07.2025 - 09:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега