Москва со реакција за НАТО: Имаме работа со агресивен блок кој сака да се шири кон исток

 

 

НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што е започната Специјалната воена операција (СВО), а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката за нејзино започнување била исправна, бидејќи се обидуваме да обезбедиме безбедност на Русија“, рече Песков.

Тој алудираше на зборовите на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, кој рече дека Украина што поскоро ќе стане членка на НАТО.

„Имаме работа со агресивен блок кој навлегува во нашата безбедност“, рече Песков.

Генералниот секретар на НАТО денеска потврди дека сите членки на Северноатлантската алијанса се согласуваат Украина да се приклучи на блокот, иако сегашната цел е Украина да ја победи Русија.

„Како што реков вчера во Киев, иднината на Украина е во семејството на Алијансата. Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата“, рече шефот на НАТО, додавајќи дека главното внимание на пактот сега е фокусиран да обезбеди победа над Русија.

21.04.2023 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега