Москва подигна борбени авиони, тврди дека британски авиони биле забележани во близина на руската граница
Руски борбени авиони полетаа веднаш откако два британски воени авиони беа откриени во близина на руската граница, тврди Москва.
Руското Министерство за одбрана во соопштение тврди дека борбените авиони на РАФ направиле пресврт при приближувањето на нивниот авион и дека руската државна граница не била нарушена, пренесува Sky News.
„Летот на руските борбени авиони беше извршен во строго почитување на меѓународните правила за користење на воздушниот простор над меѓународните води без преминување на воздушни рути или опасно приближување до авиони на странска земја“, се додава во соопштението.
Скај њуз се обрати до Министерството за одбрана за коментар, но засега нема информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа