Москва: Јасно е дека има опасност од украински напади и се преземаат мерки

 

 

Руската влада соопшти дека Министерство за одбрана има должност да преземе заштитни мерки по новиот напад со беспилотни летала врз Москва, признавајќи дека постои закана од такви напади.

„Опасноста постои, очигледно е, се преземаат мерки“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции.

Претходно денеска, украинско беспилотно летало удри во истата стаклена кула во деловниот комплекс Москва Сити како во неделата.

Песков рече дека е одговорност на Министерството за одбрана да обезбеди заштита на Москва. Во понеделникот, тој ги опиша нападите како чин на очај од страна на Украина бидејќи нема воен успех во нејзината контраофанзива.

Во Украина, воениот експерт Иван Ступак, рече дека рускиот одбранбен систем не може да одбие такви напади.

„Нападите врз Москва се сметаат за неверојатно болни за Кремљ, бидејќи ја покажуваат неспособноста на Кремљ да го заштити срцето на главниот град“, рече тој.

Претходно утринава беше објавено дека руската противвоздушна одбрана ги соборила сите беспилотни летала, освен еден, кој удрил на еден од облакодерите во комплекс на деловни згради во Москва.

01.08.2023 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега