Москва ги повика амбасадорите на САД, Канада и Велика Британија
Руското Министерство за надворешни работи ги повика во вторникот амбасадорите на САД, Канада и на Велика Британија под образложение дека се мешале во внатрешните работи на земјата, пренесува РТ.
Потегот на руското МНР е поттикнат од коментарите на дипломатските претставници на трите западни земји во однос на казната што му беше изречена на рускиот опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза, кој во понеделникот беше осуден за предавство и за клевета на армијата.
Московскиот суд го осуди Кара-Мурза, кој има двојно руско и британско државјанство, на 25 години затвор.
Кара-Мурза, која има дозвола за постојан престој во САД, беше потретседател на фондацијата „Слободна Русија“ со седиште во Вашингтон – група за притисок финансирана од САД која се залага за „промена на режимот“ во Москва. Тој беше обвинет за предавство на Русија и за соработка со „непожелни“ организации поврзани со странски сили непријателски настроени кон Русија.
Трите амбасадорки – Лин Трејси (САД), Дебора Бронет (Британија) и Алисон Леклер (Канада) – јавно прочитаа заедничка изјава во која ја критикуваат пресудата на судот и повикаа на итно ослободување на Кара-Мурза.
„Провокативните изјави на амбасадорките имаат за цел да извршат притисок врз руското правосудство и не претставуваат ништо друго освен еклатантно мешање во внатрешните работи на Русија“, соопшти руското МНР во серијата изјави по ова прашање во вторникот.
„Обидите на Вашингтон и неговите сојузници јавно да поддржат „агент со влијание“ поддржан од САД изгледаат особено смешни и лицемерни со оглед на задушувањето на слободата на говор во Америка и во другите западни нации,“ истакнаа од министерството.
Во соопштението понатаму се вели дека Русија ќе спречи секаков обид за испречување меѓу различни делови од руското општество, додавајќи дека секој претставник на странска амбасада кој ќе ја користи својата дипломатска позиција за такви нарушувачки активности ќе биде протеран од Русија.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, во понеделникот, ги критикуваше постапките на трите амбасадорки како бесрамно лицемерие, укажувајќи на нехуманиот третман на британскиот судски систем кон основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
Асанж се наоѓа во британскиот затвор со максимално обезбедување „Белмарш“ од 2019 година додека Вашингтон врши притисок за негова екстрадиција за да му суди по обвиненија поради кои му се закануваат 175 години затвор.
Захарова ја повика Британија да ги напушти своите неоколонијални навики во дипломатијата, истакнувајќи дека обидите за притисок врз руските судии да донесат одредени одлуки се осудени на пропаст.
Поради двојното британско-руско државјанство на Кара-Мурза, Лондон, исто така, официјално го повика рускиот амбасадор во Британија, Андреј Келин, по пресудата што Лондон ја нарече „политички мотивирана“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа