МОН: Се испорачуваат одобрените учебници од прво до седмо одделение,

 


Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот нновата учебна година.

„Постапката за печатење на новите учебници започна пред две недели, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебна електронска апликација на министерството.

Прашањето за новите учебници го решивме системски и долгорочно. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес“, соопшти МОН.

29.05.2024 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега