Молк од Арсовска, ама популарна пејачка се пофали дека ќе пее за новогодишната ноќ во Скопје
Дали ќе има организиран новогодишен дочек на плоштад и кој ќе пее, се уште останува непознато за граѓаните, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска нема одржано прес-конференција на која ќе бидат соопштени деталите.
Но, џабе молк од Арсовска, кога веќе популарна пејачка се пофали дека ќе има концерт за новогодишната ноќ.
Порталот ,,Фокус” пренесува дека поп пејачката Елена Ристеска за време на свој настап деновиве пред публиката се пофалила дека ќе пее на плоштад, со зборовите дека ќе се видат на 31-ви декември.
Дали станува збор за настап кој ќе се одржи во тек на ден, или пак конкретно за дочекот, дали ќе биде ангажирана само Ристеска или пак станува збор за повеќе музичари, официјални податоци нема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа