Моќно трио на мода и гламур: Зендаја, Ен Хатавеј и Пријанка Чопра на настан во Венеција

 

 

Пријанка Чопра Џонас, Ен Хатавеј и Зендаја направија стилска сензација во Венеција.

Прославените ѕвезди излегоа на црениот тепих на моден настан за накит на „Булгари“ (Bulgari Mediterranea High Jewelry) во вторникот и позираа заедно во прекрасни фустани, кои го привлекоа вниманието на присутните.

Чопра ја осветли сцената во темноцрвен дводелен комплет на „Мис Сохи“, составен од соодветен горен дел и лелеаво здолниште – украсени со бел цвет од мониста.

Хатавеј заблеска во златно-сребрен дизајн на „Ателје Версаче“.

Зендаја донесе класична холивудска елеганција со буен црн фустан на Ричард Квин. Креацијата со отворени ракави ѝ ги покажа затегнатите раце. Деколтето го нагласи со светкав сребрен ѓердан инспириран од змија.

„На потенцијално најгламурозната фотографија што некогаш сме ја виделе, Зендаја, Ен Хатавеј и Пријанка Чопра ги здружија силите додека блескаа за настанот на булгари-накит во Венеција“, коментираат таблоидите на своите насловни страници.

Во текот на настанот, кој се одржа во Palazzo Ducale, сите погледи беа вперени кон триото суперѕвезди.

17.05.2023 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа