Млади момци си испишаа криминална кариера: Полицијата ги фати со дрога

 

Денеска (15.03.2025) во 06.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја.
Додека, на 14.03.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

15.03.2025 - 12:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега