Млад португалски репрезентативец застрелан во гради
Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Тавареш е застрелан со градите и итно е префрлен во болница каде лекарите во последен момент му го спасиле животот.
Како што пренесуваат португалските медиуми, младинскиот репрезентативец уште во неделата претпладне случајно е застрелан од пријател.
Несреќата се случила во автомобилот во кој биле заедно, а пиштолот наводно истрелал сам од себе. Бруно Тавареш веднаш е префрлен во болница каде лекарите по интервенцијата објавиле дека фудбалерот имал многу среќа.
Portugal prodigy Bruno Tavares was rushed to hospital after reportedly being SHOT by a friend on Sunday morning. pic.twitter.com/EWszMd5bLj
— FlashScore Nigeria (@FlashScoreNG) November 10, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа