Митева: Да кажат дали изведувачот на Универзална е фирма блиска до нивниот врв и дали затоа нема одговорност за пожарот
Изгоре Универзална сала и како и за се до сега виновен е друг, можеби повторно виновен е кабелот, само не власта. Нема одговорност за Ковачевски и Бисера Костадиновска. Нема ниту извинување до граѓаните, рече Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерство за култура на чело со Бисера Костадиновска со години ја лаже јавноста за објектот на Универзална сала. Ветуваа дека ќе ја реконструираат, а објектот стои како руина 7 години.
Најалармантно е што СДС наместо да одговори на суштинските прашања крева прашина мислејќи дека ќе ги покрие трагите.
Ковачевски и Бисера Костадиновска мора да одговорат на следниве три прашања:
1. Која фирма е изведувач на градежните активности и дали истата е блиска со врвот на СДС?
2. Какви материјали се вградени во Универзална сала и дали тие се согласно сите стандарди? Или е ист примерот како со Тетовската модуларна болница?
3. Кој е надзор на градбата и дали тој утврдил недостатоци, дали ги нотирал или одобрил се што до сега е правено?
Одговори мора да има, но и одговорност. Тоа што мислат дека ги манипулираат скопјани ќе ги освести на претстојните избори, промените се во рацете на народот. Македонија повторно на граѓаните“, рече Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа