Мисајловски во посета на Првата пешадиска бригада: “ЧЕСТ И СИЛА” – ударната тупаница на Армијата!

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Првата пешадиска бригада во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

-“ЧЕСТ И СИЛА” – Прва пешадиска Бригада – ударната тупаница на Армијата!

Денеска бев во посета на Првата пешадиска бригада во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

За време на посетата разговаравме за активностите кои се реализираат преку овие команди и беше презентиран дел од опремата и возилата со кои располага Првата пешадиска бригада.

Упатив искрена благодарност до припадниците од Армијата кои изминативе денови беа вклучени во гаснењето на пожарите од земја и од воздух и порачав дека ќе вложам максимален напор секој војник, подофицер и офицер да биде опремен како што доликува на НАТО Армија, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

 

25.07.2024 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега