Мисајловски: Народот излезе да го казни СДСМ и ДУИ
-На изборите се случи народ. Граѓаните се одлучија за промени во Македонија. На овие избори победи народот. Еуфоријата се уште се чувствува, но ние како раководство, како партија веднаш почнавме со работа“ истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
„Мора тоа да го направиме, пред нас се очекуваат големи очекувања. Кога имате толкава голема победа, кога народот навистина ви дава многу надеж, тоа се големи очекувања. И ние се што ветивме во предизборието мора да го исполниме до крај“, нагласи тој.
Мисајловски додаде дека граѓаните се одлучија за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ја увидоа разликата по локалните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа