Министерот за здравство: Пандемијата на коронавирус во Германија заврши

 

Пандемијата на коронавирус во Германија заврши, изјави министерот за здравство, епидемиологот Карл Лотербах.

Лотербах на прес-конференцијата рече дека таа проценка ја направил врз основа на увид во варијанти на вируси, стапки на вакцинација и болнички случаи, пренесува Политико.

Успешно ја надминавме пандемијата во Германија и со добри резултати, изјави Лотербах.

Тој рече дека може да разбере дека има интерес да се праша што тргнало наопаку за време на кризата, но тврди дека германската стратегија во целина успеала, бидејќи сите предизвици биле надминати.

Тој, сепак, додаде дека има некои работи кои, гледајќи наназад, требало да се направат поинаку и прецизира дека сега смета дека долгото затворање на училиштата не било толку потребно.

Владиниот стручен совет за коронавирусот последен пат заседаваше во вторник, а од петок престануваат да важат последните мерки, вклучително и задолжителното носење маски во здравствените установи.

05.04.2023 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега