Министерот Тошковски: Имам луѓе што се грижат за мојот стајлингот, јас не би носел одела

 

Новиот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во вечерашното гостување во Бомбакис поткаст, откри повеќе детали за својот живот и како тој му се променил откако ја добил својата функција.

Како што налагаат кодексите и протоколите во однос на облеката, министерот си призна дека ги почитува, но и дека има луѓе што се грижат за неговиот стајлинг.

„Овде нема, сакам, не сакам..Начелно, има кодекси на облекување. Види во ден имаш две до три средби со амбасадори, две до три официјални средби со луѓе коишто очекуваат од тебе да видат, од другата страна едно пристојно облечен и едно пристојно скоцкан министер за внатрешни работи. Така, да имам луѓе коишто еве да речам дека се грижат и за тоа. Зашто, мене ако ме прашате, не би носел одела, би бил многу покомотно облечен, баш овака како што Вие сте се облекле“, изјави во вечерашното гостување во Бомбакис поткаст. 

Целосната епизода од поткастот, со Вашиот домаќин Кристијан Станковски погледнете ја во продолжение.  

03.03.2024 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега