Министерот им објасни: Со две јајца цел ден сте најадени за 10 денари

Српскиот министер Томислав Момировиќ денеска за телевизијата К1 изјави дека оброк од две јајца за вкупно 22 динари може да ве држи сити цел ден.

„Едно јајце чини 11 динари – внимавајте, 11 динари. И, оброк од две јајца – 22 динари. Па, тоа е оброк кој може да го држи човекот сит цел ден“, рече министерот Томислав Момировиќ. 

Тој продолжи да набројува производи со ниски цени, како пудинг за 11 динари. Министерот ја промовираше кампањата „Најдобра цена“. Но, откако водителката му рече дека тешко еден човек дека ќе биде сит со две јајца на ден, министерот рече дека е свесен за тоа, но нутритивно овој оброк е добар. 

 

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ најавуваше дека паризерот ќе поевтини, на што граѓаните се пошегуваа со него и тој со сендвич демонстрираше дека навистина јаде паризер. 

19.09.2024 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега