Милошоски: Да ја зачуваме плодната соработка што ја имаме со Израел и да ги зачуваме интересите на Македонија

 

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниска комисија, која по неколку години ги пополнува испразнетите амбасадорски места во неколку клучни главни градови – Белград, Тел Авив, Пекинг, Бразилија, Варшава, во Берлин и во Букурешт, рече дека ставот на државните институции се совпаѓа исто така со ставот на Комисијата за надворешна политика во однос на трагичните случувања во терористичкиот напад Израел – Хамас, кој се случи пред кратко време.

„Зрелоста во самото наше општество не создаде услови поделбите што некогаш се случуваат и на внатрешен план и гледаме израелскиот-палестински глобален спор да станува домашен и внатрешен спор во Македонија и се надевам дека ќе успееме да го задржиме тоа ниво, да се одржи нивото на неувезување емотивни конфликти, кои имаат своја национална, верска и политичка компонента. Да нема лажни вести и пропаганда, туку народот да чита реални информации“, порача Милошоски.

Како што вели тој, самата организација Хамас кај многу држави на светот е на листата со терористички организации.

„Хамас имаше цел во координација со други актери да ја спречи тенденцијата на продолжување на склучување на договори за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави во опкружувањето, со особен фокус да се попречи воспоставувањето такви односи со Саудиска Арабија како земја што има најголем политички воен енергетски и дипломатски потенцијал во Блискиот Исток. За жал, процената во овој краток период е дека тоа им успева во овој момент, што ќе биде исходот во иднина ќе видиме, но како и да е, најбитно за нас ќе биде да ги претставуваме и штитиме интересите на Македонија, нормално зачувувајќи ги сите нивоа на унапредена и плодна билатерална соработка што ја имаме со Израел“, дополни тој.

Милошоски посочи дека во Кина немаме амбасадор седум години, во Србија шест години, во Израел 5,5 години, а во Бразил од април 2020 година. Пратеникот потенцира дека единствениот наш дипломат во Амбасадата во Израел, Мачеј Качаровски, направил натчовечки напори да се спасат нашите државјани по нападот на Хамас.

24.10.2023 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега