Миљазим Мустафа ја повлекува иницијативата за разрешување на Адеми!?

Членот на Судски совет Миљазим Мустафа, кој ја поднесе иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен Беса Адеми, неофицијално има намера да се откаже од барањето на дисциплинската постапка, непосредно пред најавата дека денеска треба да се одржи седница на која на дневен ред треба да се најде токму оваа точка, пишува Телма.

Од Судски совет за Телма утрово велат дека до сега до нив таква информација нема. Доколку дојде до тоа ќе се одржи седница на која само ќе се констатира дека тој се повлекува од иницијативата и седницата за разрешување на Беса нема да се одржи.

Мустафа и забележа на Адеми дека не се појавувала на седниците на судски совет што според него е професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.

Оваа иницијатива беше поттикната по интервју на Беса Адеми во еден од македонските медиуми дека врз неа се вршат политички притисоци поврзани со аболициите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, со што како што таа тогаш рече се сака Груевски да се врати во земјава.

Мустафа доаѓа од редовите на ДУИ, а пред извесно време амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети во која меѓу другото му ја пренесе пораката дека по континуираниот двегодишен пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар, што предизвика многу реакции во јавноста.

Нагласи и дека несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија.

17.01.2024 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега