Милевски: Ние сме мала држава, но ова е доказ дека сме на вистинскиот пат

 

Селекторот Благоја Милевски најави дека македонските фудбалери со иста желба и мотивираност како вчеравечер во Палермо ќе и се спротивстават и на Португалија во завршниот натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

Милевски рече дека триумфот е мотив плус и показател дека сме на вистинскиот пат за развој на македонскиот фудбал.

„Ние сме мала држава и мала репрезентација, во создавање. Нашата цел е да се развиваме и во иднина да се приближиме кон најдобрите, а овие резултати ни се показател дека сме на вистинскиот пат, изјави Милевски, кој денеска го прославува својот 51. роденден“, кажа Милевски.

25.03.2022 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега