Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат

 

ФРМ загуби на домашен терен од Бугарија со 0-1 во последниот натпревар од ова издание во Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски изјави дека и покрај поразите во низа, Македонија била на вистинскиот пат.

„Момците покажаа голема желба за победа и немам ништо да им замерам од таа страна. Во овие момци има потенцијал. Се наоѓаме во период на транзиција каде овие млади играчи што доаѓаат мора да добијат минутажа за да бидат конкуренти во квалификациите за ЕВРО 2024. Мислам дека сме на вистинскиот пат без разлика на сите проблеми што ги имаме, многуте откажувања и натпреварувачката форма. Дали двајца или тројца фудбалери имаат фул минутажа во своите клубови. Повторно од наш корнер примаме гол. Тоа се моменти на деконцентрација и мислам дека се тоа доаѓа од физичката неподготвеност. Но, имаме време до март и мислам дека фудбалерите многу повеќе ќе играат и во клубовите“, појасни Милевски во изјава за медиумите.

На селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ, пак му се смени расположението веднаш по натпреварот, секако во позитивна смисла. 

„Бугарија по четири години победи на гости. Одигравме добар натпревар. Не треба да се измислува топла вода во фудбалот. Без атмосфера и желба не може да се направи ништо во репрезентација. Никој не веруваше во нас пред овие два меча. Едноставно моравме да направиме рез. Јас бев победник како играч, тоа сакам да бидам и како селектор. Не е лесно да се игра пред овие прекрасни навивач, околу 20 илјади луѓе, овие млади играчи требаше да го издржат притисокот и да стигнат до победа“, изјави Младен Крстајиќ, селекторот на Бугарија.

26.09.2022 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега