Мицкоски за владата во заминување: Не може континуирано со својот народ да работат со инжињеринг и манипулации

-Јас во една прилика кажав дека професорката Силјановска во вториот круг очекувам да има повеќе од 500.000 гласови, а дека коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 55 плус пратеника. И тоа се случи, исто како за првиот круг се случи тоа што се случи  со Силјановска и мислам дека народот си го кажа своето, граѓаните си го кажаа своето, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше за власта во заминување и истакна дека не може никој ниту со државата, ниту со народот континуирано преку гимнастики и политички инжињеринг да функционира.

-Не можете со една држава и со еден народ, без разлика од која етничка припадност  доаѓа континуирано преку гимнастики, политички инжињеринг да функционирате. И тоа се виде вчера, рече Мицкоски и додаде:

-На тоа предупредувавме ние со месеци би рекол и со  години. Јасно беше уште после локалните избори во 2021 дека мора да има промени во Mакедонија, мора да дојде до промена на владината структура.

 

09.05.2024 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега