Мицкоски-Вучиќ: Продлабочување на соработката и мир и стабилност на регионот

 

Премиерот Христијан Мицкоски оствари пријателска средба со Александар Вучиќ, Претседател на Република Србија во Лондон на Самитот на европската политичка заедница.

-Разговаравме за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.
Добрососедските односи се клучен фактор за просперитет и развој на земјите од Балканот, и во тој контекст се договоривме наредниот период да продолжиме со добрата комуникација помеѓу двете земји.
Економијата и трговската размена, како и подобрување во инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Србија треба да бидат значаен фактор кон развивање на двете земји, информира Мицкоски.

18.07.2024 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега