Мицкоски во Лондон оствари средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III
Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.
- Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области, напиша Мицкоски.
Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски, претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.
19.07.2024 - 16:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа