Мицкоски се сретна со Пленковиќ во Минхен: Македонија има пријатели

 

Владина делегација предводена од премиерот на државата, Христијан Мицкоски се сретна со делегација на хрватската влада. 

По средбата Мицкоски - Пленковиќ, тој објави на социјалната мрежа Фејсбук дека Македонија има пријатели. 

-Исклучително пријателска средба со хрватскиот премиер Пленковиќ. Разговаравме за регионалните прашања, реформите и европскиот пат. Македонија има пријатели. Нашата задача е да се избориме за заслуженото место на државата во ЕУ. Хрватска е наш пријател во остварувањето на тие цели, вели Мицкоски.

15.02.2025 - 12:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега