Мицевски: Потврда за политиканство на сметка на болни теми за македонскиот народ

 


Во своето денешно обраќање на пленарната седница, пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски, остро реагираше на, како што рече, политиканството што се прави врз грбот на болните прашања за македонскиот народ, посочувајќи ја точката за Кочани како пример.

„За потврда на она што го зборувам цело време дека тука се прави политиканство на болна тема за целиот македонски народ. Денеска се бара точката за Кочани да биде прва. Тоа е точка за која имавме консензус и за која гласавме дневен ред,“ истакна Мицевски.

Тој посочи дека подносителите на точката, Левица и СДСМ, како и дел од ДУИ, гласале против дневниот ред за седницата на која оваа точка требаше да биде прва.

„Ете тоа ви е политиканство во нашата држава, почитуван македонски народе,“ заклучи тој.

12.06.2025 - 14:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега