Мицкоски: Работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери

 
Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
 
Во соработка со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери, истакна Мицкоски.
 
„Утре, ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите“, посочи Мицкоски.
27.06.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега