Мицкоски оствари средба со претставници на компанијата Rumble, финансиската корпорација Cantor Fitzgerald од САД и Трамп корпорација

 
Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денес оствари средба со Крис Павловски, основач и извршен директор на интернационалната компанија Rumble, Хауард Лутник основач и извршен директор на една од водечките финансиски корпорации во САД- Cantor Fitzgerald и со Девин Нунес, поранешен конгресмен на Калифорнија и сегашен извршен директор на Трамп корпорација за медиуми и технологија.

На средбата се разговараше за можностите за соработка во дигиталниот сектор и дигиталните реформи кои треба да ги спроведе нашата држава со цел да се подобрат услугите кон граѓаните и поедноставување на нивниот живот, фокусирајќи се на дигиталната слобода и трансформација на македонското општество.

Исто така, беа разговарани повеќе можности за економска соработка во различни области во државата.
22.07.2024 - 17:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега