Мицкоски: Недостасуваат пари во буџетот - ќе има истрага
„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.
На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:
„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“
Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.
„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа