Мицкоски до Ковачевски: Ве гледам во очи и ви велам, нема да има уставни измени под бугарски диктат
Тоа што се случи во периодот кога Ковачевски, Спасовски и Пендаровски и останатите во владата го прифатија, беше нешто кое што граѓаните најмалку го очекуваа. Затоа што на тој начин не само што ја понижија Македонија и не само што ја ставија во подредена положба, туку и се обидоа да манипулираат со свеста и интелигенцијата на граѓаните гледајќи ги во очи и лажејќи ги и како свесно да работеа за интересите за Бугарија и сега го заглавија евроинтегративниот пат на Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија во однос на францускиот предлог.
Мицкоски посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ јасно и прецизно кажале дека ова вака како што е конципирано за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо и дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.
“Еве јавно го кажувам и директно го гледам господинот Ковачевски во очи и му кажувам дека нема да има, под овие услови, промена на Уставот“, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа