Мицкоски - Бомгартнер: Се обврзавме за натамошно зајакнување на билатералните односи

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Амбасадорот на Република Франција Н.Е. Сирил Бомгартнер.

Разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и европските интеграции, истакна Мицкоски.

„Франција е наш значаен партнер и пријател. Заедно се обврзавме за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на заедничките проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас“, посочи Мицкоски. 

01.07.2024 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега