Мицкоски: 2,5 : 1 ќе води ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во утринско гостување на Канал 5 телевизија изјави дека според анкетите водството на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ може математички да се изрази со 2 : 1, но додаде, ќе биде и 2,5 : 1.

 

„Бројките на анкетите се такви какви што се, а и јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за парламентарни избори. Огромна е разликата и таа е повеќе од 2:1, но ќе биде и уште поголема, односно 2,5 спрема 1.

 

„Според февруарските анкети, очигледно е дека огромно мнозинство, практично три четвртини од луѓето се незадоволни од квалитетот на животот, сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока и дека треба да има промени. Едноцифрен е бројот на граѓаните кои се задоволни“, рече Мицкоски.

 

20.02.2024 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега