Миа Костова: За два дена собравме 450.000 денари за Леонид

 
 
Инфлуенсерката Миа Костова, која вчера започна хуманитарна акција за лекувањето на Леонид Индов, соопшти дека до денеска биле собрани 450.000 илјади денари.
„Вчера и денес сме собрале околу 450.000 денари! Чисто да знаете каква сила сте!
Ви благодарам по милионити пат на сите што дониравте и купувавте!
Најголемата онлајн продавница за донации ќе е отворена до недела. Имате време да најдете нешто за себе и да донирате за Леонид!
Барајте ги понудите во хајлајтс со наслов Леонид“, напиша Миа на Фејсбук.

Се замолуваат сите кои се во можност да донираат и да се приклучат кон оваа хуманитарна акција за Леонид. Повеќе информации кај профилот на Миа Костова на Инстаграм. 

23.02.2024 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега