Метео аларм: Доаѓа влажен бран - викендов Македонија во жолта фаза

 Од денеска попладне до понеделник претпладне под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 л/м2). Утре локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти УХМР.

Денеска, а особено утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец (над 70км/час).

Во Скопје до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено денес во текот на ноќта и утре претпладне, како и во ноќните часови кон понеделник. Денеска и утре ќе дува засилен ветер од јужен правец. Издадено е метео предупредување од жолта фаза поради опасност главно од ветер, но и од врнежи од дожд во некои региони.

 

10.11.2023 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега