„Металика“ објави нов албум, оди на светска турнеја

 

 

„Металика“ го претстави својот 12. студиски албум, 72 Seasons.

Изданието, опишано како целовечерна збирка на нов материјал што пристига по Hardwired… To Self-Destruct од 2016 година, содржи 12 песни со траење од 77 минути.

„72 сезони. Првите 18 години од нашиот живот го формираат нашето вистинско или лажно јас. Концептот за тоа што ни кажале нашите родители за тоа кои сме ние. Можностите за полемика за тоа каква е нашата личност. Мислам дека најинтересниот дел од целата приказна е континуирано проучување на тие основни верувања и како тие влијаат на нашата перцепција за светот денес. Голем дел од нашето искуство како возрасни е реконструкција или реакција на она што сме го доживеале во детството. Ние сме или затвореници на нашето детство или ослободени од тие окови. Ние го носиме тоа со нас“, рече фронтменот Џејмс Хетфилд.

20.04.2023 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега