Меси ja зграпчи „Златна топка“ по седми пат, а пак сопругата Антонела ги остави присутните со „подотворена уста“
Фотографии на семејството од синоќешната церемонија во Париз бргу ги преплавија социјалните мрежи. „Тие се облечени така што на сите им е јасно кој ќе ја освои ‘Златната топка’“, твитнаа фановите.
„Кралот Меси и кралицата Антонела“, напишаа други споделувајќи фотографија од синоќешната церемонија.
Повеќето коментари беа за поубавата половина на Меси, која се чини дека беше ѕвезда на вечерта.
„Видете ја Антонела! Таа не е облечена како некој што ќе биде втор… таа дојде за да победи“.
Антонела и Меси се запознале кога тој имал само пет години и наводно се забавувале во средно училиште. Се шпекулира дека на девет години Лео сакал таа да му стане сопруга и често ѝ пишувал љубовни писма.
Антонела студирала стоматологија, но прекинала за да се запише на студии за комуникација. На крајот се откажала од тоа и станала модел. Ретко се појавува во јавност и постојано одбива интервјуа. Таа не е активна на „Фејсбук“ и на „Твитер“, а на „Инстаграм“ повремено објавува фотографии со сопругот и синовите.
Првиот син Тијаго го добија во 2012 година, а Матео се роди три години подоцна. Во 2018 година го добија и третиот син Чиро. Се венчаа во 2017 година во родното Росарио, Аргентина, далеку од очите на јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа