Мексико: Од пеколните жештини починале скоро 250 лица

 

Како последица на екстремно високите температури во Мексико, во последните четири месеци починале 249 лица.

Министерството за здравство на Мексико објави извештај за смртни случаи во земјата поради екстремните температури поради климатските промени.

Термометрите во Мексико покажаа околу 45 степени Целзиусови на крајот на јуни. Најголем број на смртни случаи е забележан во Нуево Леон, каде починале 100 лица.

Околу 92,4 отсто од смртните случаи се предизвикани од топлотен удар, а останатите поради жед.

Владата на Мексико препорачува да се пијат најмалку два литра вода често во текот на денот и да не se  излегува надвор освен ако е апсолутно неопходно.

Во истиот период минатата година, 38 лица починаа од екстремни горештини низ Мексико.

28.07.2023 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега