Медведев до Полска: Ќе исчезне заедно со глупавиот премиер
Откако заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Димитриј Медведев напиша на Твитер дека Полска „дефинитивно ќе исчезне заедно со својот глупав премиер“, од Варшава пристигна брутален одговор. На човекот кој „пали оган“ од почетокот на војната во Украина и најавуваше дека Русија ќе нападне други земји, му порачаа дека комбинирањето алкохол и дрога е опасно.
„Господине Медведев, имајте на ум дека комбинирањето на алкохол со дрога е многу опасно. Ве молиме, продолжете да го правите тоа“, се вели во одговорот на полската агенција за национална безбедност, кој е објавен под коментарите на Медведев на Твитер.
„Не знам кој ќе победи или ќе изгуби во таква војна, но имајќи ја предвид улогата на Полска како бастион на НАТО во Европа, оваа земја сигурно ќе исчезне заедно со нејзиниот глупав премиер“, напиша Медведев.
Заканите на Медведев дојдоа откако полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за Ен-Би-Си изјави дека непријателствата во Украина би можеле да продолжат неколку години. Тој додаде дека, според него, ударите на Украина на руска територија „не прекршуваат ниту еден меѓународен договор“, бидејќи Киев спроведува одбранбени дејства.
На новинарско прашање дали постои можност конфликтот да се прошири, Моравјецки рече дека таквото сценарио не го загрижува бидејќи тоа би значело „војна меѓу НАТО и Русија, која Русија многу брзо ќе ја изгуби“. Полскиот премиер нагласи дека сега земјите од НАТО не се страни во конфликтот во Украина, туку само му даваат на Киев воена и финансиска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа