Медведев до Британија: Заминете од Фокландите и вратете им ги на Аргентинците

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев одговори на говорот на британскиот премиер Риши Сунак. На самитот на Здружените сили за брза акција (ЏЕФ) вчера во Рига, Сунак рече дека секој руски повик за прекин на огнот би бил „целосно бесмислен во сегашниот контекст“.

„Русија тоа би го искористила да се прегрупира, да ги зајакне своите сили. Не може да има вистински мировни преговори додека руските трупи не се повлечат од окупираните територии на Украина. нашата колективна решителност е неспорна. Ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да го правиме тоа. Тоа е прво и основно, бидејќи безбедноста на Украина е наша безбедност“, порача Сунак.

Медведев му одговори на британскиот премиер преку Телеграм. „Сите британски политичари се ретки лицемери. Младиот премиер со досега некарактеристично презиме за Британија кажа дека нема преговори додека Русија не ги повлече своите трупи од Украина“, напиша поранешниот руски претседател.

„И тоа и покрај фактот што Англосаксонците секаде кажуваат дека Украинците треба сами да одлучат дали ќе преговараат со нас или не. Тоа е лага, дволичност и нечуен цинизам. Британците би требало конечно да заминат од Малвинските Острови и да им ги вратат на Аргентинците.

Фокландите се Аргентина, а не Британија! Ѝ честитам на аргентинската репрезентација на заслужената фудбалска победа. Продолжете добро да работите и во надворешната политика!“, заклучи Медведев.

20.12.2022 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега