„Ме тераше да го допирам, се плашев дека ќе ми го уништи животот“: Се јави 4-та жртва со потресни детали за „Ѕверката“
Не престануваат обвинувањата против ѕвездата на серијата „Сексот и градот“ за сексуална злоупотреба. Сега се појави четвртата жртва која го раскажа инцидентот со Крис Нот од 2002-ра година.
Њујоршката пејачка Лиза Џентиле признала дека сè се случило откако актерот ѝ понудил превоз до дома од еден ресторан, пренесува „The Guardian“.
„Кога дојдовме пред зграда, ме праша дали може да влезе. Откако му кажав дека немам што да му понудам, и ми рече дека е во ред, дека само сака да види каде живеам“, рекла Лиза.
Кога влегле во станот, тој ја нападнал и станувал сè поагресивен.
„Се обидов да го запрам, но не попушташе. Ме присилуваше да го допирам“, истакнала Лиза која на крајот успеала да го оттргне.
Актерот потоа ја навредувал со погрдни имиња и ѝ се заканил дека ако каже ќе ѝ ја уништи кариерата.
„Се плашев да направам било што. Тој е угледен човек, многу лесно можеше да ми го уништи животот“, рекла Лиза.
Пејачката првпат го запознала Крис во 1998-ма година, во истиот ресторан.
„Беше постојан гостин и добар пријател со сопственикот. Често го гледав, бидејќи и јас излегував таму со пријателите и семејството“, рекла таа.
На овој потег се одлучила откако се јавиле и други жртви.
„Мислам дека сите заслужуваме еден ден на суд со господинот Нот“, изјавила Лиса.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа