Маж возел пијан со лажна дозвола на име на Борис Џонсон

 

 

Холандската полиција приведе маж под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба, а имал дозвола со името на експремиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Лажниот украински документ – со официјален портрет на поранешниот премиер на Англија и неговиот точен датум на раѓање – е издаден во 2019 година и важи до 3.000 година.

Портпаролот на полицијата, Тијс Дамстра, изјави дека го пронашле полицајците, кои ја испитувале несреќата во неделата кратко по полноќ, кога автомобилот удрил во столб. Автомобилот бил напуштен, но на полицијата подоцна ѝ било кажано дека возачот стоел на мостот.

„Лицето не можеше да се легитимира и одби да земе алкотест“, рече полицаецот.

Како што пренесува британски „Метро“, ​​уапсен е 35-годишен маж, а полицијата го пребарала неговиот автомобил.

„За жал на оваа личност, не наседнавме на неговиот фалсификат“, додаде полицијата на Гронинген на својот инстаграм-профил.

Полицијата не можеше да каже каде е направен фалсификуваниот документ, но новинарката и поранешна дописничка од Русија, Кисија Хекстер, во твит објавен од оваа телевизија рече дека лажните возачки дозволи лесно може да се купат во туристичките продавници во Украина.

02.05.2023 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега