Маж од Доминиканската Република поминал 24 дена изгубен во море, преживеал поради кечап

 

Маж од Доминиканската Република плутал изгубен во Карипското Море цели 24 дена, а преживеал, како што вели, јадејќи по малку кечап секој ден.

Елвис Франсоа (47) е пронајден на околу 220 километри северозападно од колумбискиот Пуерто Боливар, откако од авион бил здогледан зборот „Помош“ изгравиран на дел од неговата едрилица, соопшти колумбиската морнарица во четвртокот.

„Немав храна. На бродот имаше само шише кечап, лук во прав и зачин, па тоа го мешав со малку вода“, рече Франсоа.

Тој кажа дека го поправал својот брод во близина на холандскиот дел на островот Сент Мартин во декември кога неповолните временски услови го одвлекле во морето.

Немал навигациски вештини и не можел да маневрира со бродот назад до брегот, па бил изгубен во морето со недели.

„Дваесет и четири дена, нема друштво, нема со кого да разговараш. Не знаеш што да правиш, не знаеш каде си. Беше страшно. Изгубив надеж, размислував за семејството“, рече тој.

Откако бил спасен, бил пренесен во пристанишниот град Картагена, каде што добил медицинска помош, а подоцна бил предаден на имиграциските власти, кои го вратиле дома, соопштија колумбиските власти.

20.01.2023 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега